По девет месеци врска Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон раскинаа

Ким Кардашијан и комичарот Пит Дејвидсон одлучија да стават крај на нивната деветмесечна романса, потврдил извор близок на парот за Си-Ен-Ен.

Според извор, двојката раскинала оваа недела и решиле да останат пријатели.

„Тие многу се сакаат и почитуваат, но сфатија дека растојанието и распоредот им го отежнуваат одржувањето на врската“, додал изворот.

Да потсетиме дека Ким и Пит беа во емотивна врска од октомври минатата година, а се запознаа на снимањето на емисијата „Saturday Night Live“.

Според извори на американските медиуми, тие одлучиле да се разделат откако Пит решил да се пресели во Австралија за улога во нов филм.

Ким Кардашијан се разведе од раперот Канје Вест на почетокот на оваа година, а Пит претходно беше во врска со актерката Фиби Дајнвор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Scroll to Top