По две годишна врска Кендел Џенер и Девин Букер раскинаа

Манекенката Кендал Џенер и НБА кошаркарот Девин Букер ставија крај на двегодишната врска. Засега оваа информација не ја коментира портпаролот на Џенер.

Парот за прв пат во јавноста се појави во 2020 година кога заедно беа на патување во Седона, Аризона. Нивната врска јавно ја признаа преку социјалните мрежи на Денот на вљубените минатата година кога објавија заеднички фотографии.

Парот привлече големо медиумско внимание и на свадбата кај Кортни Кардашијан и Тревис Баркер.

Scroll to Top