По Габриела Јунион, и Џејми Фокс рече дека доживеал расистички напад во Дубровник

По глумицата Габриела Јунион, и нејзиниот колега Џејми Фокс рече дека доживеал расистички напад во Дубровник. Тој објасни дека бил нападнат во 2017 година од двајца пијани мажи. Тие го навредувале, а целиот настан го објавил на „Инстаграм“.

„Пијани Хрвати ни пријдоа на маса и нѐ нападнаа. Нѐ пцуеја нарекувајќи нѐ со погрдни зборови“, рече Фокс.

Во таа ситуација бргу реагирал и персоналот на ресторанот, кој ги оддалечил пијаните Хрвати, а набргу полицијата ги уапсила двајцата мажи што го навредувале Џејми Фокс. Иако доживеал непријатности, глумецот сепак вели дека Дубровник е убав град.

 

Scroll to Top