По инцидентот со шамарот Вил Смит се повлече од филмската Академија

By

Откако му удри шамар на водителот Крис Рок на 94 Оскари, глумецот Вил Смит ја напушти американската Академија за филмски уметности и науки, објави Variety.

dobivaj vesti na viber

„Ја изневерив довербата на Академијата. На другите номинирани и на победниците им ја ускратив можноста да слават и да биде прославени поради нивната извонредна работа“, рече Смит.

Тој призна дека ја засенил и самата Академија на доделувањето на наградите.

„Го напуштам своето членување во Академијата и ќе ги прифатам сите идни последници кои  Комисијата ќе ги смета за соодветни“, додава тој.

„Листата на оние кои ги повредив е долга, а меѓу нив е и Крис, неговото семејство, многу мои драги пријатели и саканите, сите присутни и светската публика дома“, рече Смит.

За потсетување Вил Смит на 94-то издание на доделувањето на Оскарите го удри комичарот Крис Рок, водител на церемонијата, откако овој се пошегува на сметка на неговата сопруга Џејд Пинкет во врска со тоа што таа поради алопеција ја изгуби косата.

 

Ќе ви се допадне