По осум години, Камерон Дијаз првпат ќе снима филм

Американската глумица Камерон Дијаз по осум години првпат ќе снима филм. Таа ќе глуми во филм на Нетфликс, објавија продуцентите на филмот.

„Камерон Дијаз официјално се враќа од пензија. Таа ќе глуми со Џејми Фокс во нов филм на Нетфликс и имаме една неочекувана личност на која ѝ благодариме што ја вративме во акција“, пишува во објавата на Нетфликс на Твитер.

Снимањето на филмот допрва треба да почне и засега не е откриен ни насловот на филмот.

Дијаз, која се прослави со „Маска“, „Небо од ванила“, „Чарлиевите ангели“, пред осум години се повлече од глумата и тогаш кажа дека најверојатно никогаш нема да снима.

Scroll to Top