По пауза од една година, Серена Вилијамс му се врати на тенисот: Бев загрижена дека ќе ми заврши кариерата

Серена Вилијамс вели дека апсолутно била загрижена дека нејзината кариера е завршена по повредата на ногата минатата година.

Тенисерката Серена Вилијамс изјави оти се сомневала дека повторно ќе му се врати на професионалниот тенис по повредата на ногата лани на Вимблдон.

Вилијамс, која има четириесет години, се врати првпат по повредата во вторникот на турнирот Истбурн интернационал.

Вилијамс и партнерката во двојки, Онс Џабер од Тунис, ги победија Шпанката Сара Сорибес Тормо и Чехинката Марија Бузкова во три сета.

По натпреварот, Вилијамс за Би-би-си изјави дека чувствувала оти нејзината иднина е доведена во прашање додека закрепнувала од повредата, што ја заработи додека се соочуваше со Алијаксандра Саснович на Вимблдон во 2021 година.

„Би било нечесно ако кажам дека не бев, но сега моето тело се чувствува одлично“, рече Вилијамс.

Scroll to Top