По пауза од шест години, Бијонсе го објави новиот албум

Американската пејачка Бијонсе по шест години пауза го објави нејзиниот седми студиски албум „Ренесанса“. Нејзиниот последен студиски албум го објави во 2016 година.

Пејачката официјално го издаде седмиот албум утрово, а претходно таа го објави првиот сингл насловен „Брејк Мај Соул“, кој излезе минатиот месец. Новиот албум на Бијонсе има 15 песни.

За разлика од нејзиниот претходен албум, песните на новиот се јасно создадени за на подиуми за танцување, со секси текстови и самодоверба. Во пораката споделена пред објавувањето на албумот, Бијонсе откри дека албумот ќе биде дел од проект во три чина.

„Овој проект во три чина беше снимен во текот на три години за време на пандемијата. Време за мирување, но и време за кое сметав дека сум најкреативна. Создавањето на овој албум ми овозможи да сонувам и да најдам бегство, додека во светот се случуваа страшни работи“.





		
		
			
Scroll to Top