Рекордни 134 милиони долари заработи филмот „Топ Ган: Маверик“ по првиот викенд од прикажувањето во 4.732 кина во Северна Америка. Ова е прв фил на холивудскиот актер Том Круз кој по првиот викенд од прикажувањето што надминал над 100 милиони долари .
Филмските рецензенти оценуваат дека големиот успех на филмот се должи на добрите рецензии по првото гледање, како и големата доза на носталгија и враќањето на Круз во вториот дел од филмот.
Во кино салите публиката која го гледала филмот во поголем процент била над 40 години, возрасна група која и најмногу е носталгична кон овој филмски блогбастер.
Премиерата на филмот „Топ Ган: Маверик“ требаше својата премиера да ја има во 2020 година, но поради корона вирусот премеирата беше ставена на пауза.