По разводот со Антонио Бандерас, Мелани Грифит ретко има епилептични напади

Холивудската актерка Мелани Грифит (60)  призна во интервју дека по разводот со 57-годишниот Антонио Бандерас нејзините епилептични напади значително се намалени.

Тие почнале пред 6 години, додека двајцата уште биле семејство. Грифит рече дека имала напади многу години. Двата најтешки напади се случиле во Кан. Еднаш на прошетка на плажа по што била однесена во болница.

Грифит еаскажала дека сега нападите се поретки од тогаш – благодарение на новите лекови, намален стрес и одвојувањето од Бандерас.

“Земам лекови веќе четири години. Немам напади. Но, мојот вистински проблем беше разводот”, вели Мелани.

Сепак, и покрај оваа  изјава извор вели дека за време на интервјуто на актерката ѝ се слошило. Таа изгубила свест, по што биле повикани лекарите.

И покрај проблемите со алкохолот и дрогата во младоста, сега актерката води здрав начин на живот – спортува и се храни правилно.

Мелани и Антонио се разведоа во 2014 година по 18 години брак. Ја имаат ќерка Стела, која има  21 година.

Scroll to Top