По смртта на кралицата, децата на Хари и Меган станаа принц Арчи и принцеза Лилибет

By

По смртта на кралицата дојде до промена на британскиот престол, па децата на Хари и Меган станаа принц и принцеза. Арчи Маунтбатен-Виндзор ја доби кралската титула принц, а неговата помлада сестра Лилибет стана принцеза.

dobivaj vesti na viber

Според протоколите воспоставени од кралот Џорџ Петти во 1917, само децата и внуците на монархот имаат автоматско право на титулата принц или принцеза. Кога се роди, Арчи беше правнук на Елизабета, со што не можеше да стане и принц.

Сега кога Чарлс стана крал, неговиот постар син Вилијам автоматски беше унапреден во престолонаследник, а следен во редот е неговото најстаро дете, деветгодишниот принц Џорџ.

Сепак, има најави дека Чарлс сака да го промени протоколот со цел да ја намали монархијата, со што Арчи и Лилибет би биле исклучени од можноста да ги носат кралските титули.

 

Ќе ви се допадне