По тешко боледување на 70-годишна возраст почина Саша Поповиќ

Саша Поповиќ почина денеска на 70-годишна возраст по тешко боледување. Тој беше познатиот естраден уметник и директор на Гранд продукција и еден од најмноќните луѓе на српската естрада.

Нецела година Поповиќ се борел со тешката болест, а неговото лекување било доверено на лекари во Париз, каде што редовно одел на терапија. Последните фотографии кои се појавија во јавноста ја зголемија надежта дека Поповиќ ќе ја добие битката, но неговата здравствена состојба се влошила последните месеци.

Како што веќе се пишуваше во медиумите, Саша за тешката болест дознал случајно откако ја скршил ногата. Со оглед на тоа што раната не зараснала по очекуваниот период, лекарите го прегледале целото тело на Поповиќ и за жал откриле дека неговата здравствена состојба не е добра.

„Со неискажлива тага ја известуваме јавноста дека денеска, по кратко и тешко боледување, почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на Гранд продукција. Александар Саша Поповиќ низ децениската работа беше визионер и посветен професионалец. Преку музиката и телевизијата, тој откри и поддржа бројни таленти, обликувајќи го звукот и духот на една ера“, соопштија од продукцијата.

Како млад имал голема љубов кон фудбалот, а извесен период тренираше во клубот Војводина.

Неговиот татко бил мултиинструменталист и пејач на Радио Војводина, поради што сакал неговиот наследник да влезе во светот на музиката и да почне да свири хармоника.

Многумина го паметат од периодот кога свиреше хармоника и беше дел од групата „Слатки грех“, но во светот на музиката влезе многу порано.

Во 1976 година го основа бендот „Лира шоу“, кој изведуваше народна музика. Бендот се засили кога им се придружи Лепа Брена како водечка пејачка.

После тоа, во 1982 година, групата го менува името во „Слатки грех“ и тргнува на турнеја низ поранешна Југославија, постигнувајќи голем успех.

Scroll to Top