По венчавката со принцот Хари, Меган станала параноична

Меган Маркл поради принцот Хари морала целосно да се одрече од својот стар начин на живот. Војвотката од Сасекс супаднала во некои непланирани проблеми.

37 годишната поранешна актерка, откако се омажи за принцот Хари, се одрече од кариерата на глума во САД, но се чини дека полека се одрекува и од пријателите кои и биле претходно бликси.

„Меган изгуби контакт со неколку блиски пријатели, затоа што не знае на кого може да му верува“, открива непознат извор за „Дејли Мејл“.

Со оглед на нејзиното семејство, татко и Томас, полусестрата Саманта и полубратот Томас Јуниор, кој во јавноста се обидуваа да ја оцрнат, ова и не е за големо изненадување.

„Меган не сака нејзините пријатели да ги знаат сочните детали од нејзиниот приватен живот, за да можат потоа истите да ги споделат на медиумите“, тврди изворот.

Меѓу оние кои најмногу им верува е нејзиниот шминкер Даниел Мартин, и нејзината најдобра пријателка Џесика Мулрони. Тие самите откриле дека Меган помалку им верува на луѓето, но дека таа е истата како и претходно.

Што се однесува до нејзиното контроверзно семејство, единствена личност на која и верува е нејзината мајка Дориа. Таа се пресели и во Лондон за да биде поблиску до својата ќерка.

„Меган по малку се заморува од се што се случува околу неа. Таа само сака да продолжи да живее колку е можно подискретно“, вели нејзиниот шминкер додека војвотката засега нема дадено коментар за ваквите наводи.

 

 

 

Scroll to Top