Почина актерка Луиза Флечер од култниот „Лет над кукавичјото гнездо“

Почина американската актерка Луиза Флечер на 88 години. Флечер почина во сон опкружена со семејството во нејзиниот дом во Мондуро, Франција, изјави нејзиниот агент Дејвид Шол за Асошиетед прес. Не е наведена причината.

 Родена е на 22 јули 1934 година во Бирмингем, (Алабама, САД). Меѓународната слава ја стекна со филмот на Милош Форман, „Лет над кукавичјото гнездо“, каде играше заедно со Џек Николсон, а таа улога и донесе Оскар.

Откако ја стави својата кариера во мирување зарди своите деца, Флечер беше во раните 40-ти и малку беше позната кога ѝ беше доделена улогата заедно со Џек Николсон во филмот од 1975 година во режија на Милош Форман.  Во тоа време не знаеше дека многу други истакнати ѕвезди, вклучувајќи ги Ен Банкрофт, Елен Барстин и Анџела Лансбери, го одбиле.

Scroll to Top