Американската актерка Пеги Липтон почина на 73 годишна возраст од рак, пренесува USA Today. Несреќните вести за смртта на ѕвездата од серијата Twin Peaks, ја потврдиле нејзините ќерки Кикада и Рашилда Џонс.
„Скршени ни се срцата затоа што нашата драга мајка почина од рак. Среќни сме за секој момент кои го поминавме о неа. Не можеме да ги опишеме нашите чувства, но можеме да кажеме дека Пеги засекогаш ќе биде нашето светло на крајот на тунелот. Секогаш ќе биде дел од нас“, напишале ќерките во соопштението испратено до јавноста.
Пеги кариерата ја започнала на 19 години во телевизиски серии. Беше една од главните ѕвезди на серијата Twin Peaks. Била номинирана за „Еми наградите“.
Пеги своила и „Златен глобус“ за улогата во серијата The Mod Squad, која ја снимила на крајот на шеесетите и почетокот на седумдесетите години. Пеги се појавила и во серијата „Правила на играта“.
Актерката се залагала за решавање на важни социјални проблеми, како дрогата, насилството во семејството и абортусот.