Почина актерот Берт Рејнолдс

Актерот Берт Рејнолдс почина од срцев удар во болница на Флорида на 82 години. Последните години имаше проблеми со здравјето, а во 2010 година имаше тешка операција на срцето, пренесуваат американските медиуми.

Рејнолдс е еден од најголемите секс-симболи во седумдесеттите години од минатиот век. Се прослави со филмот „Ослободување“ од 1972 година. Публиката најмногу го памети по улогата во филмот „Смоки и бандитот“ од 1974 година. Во 1997 година беше номиниран за Оскар за споредна машка улога во филмот „Буги најтс“. За оваа улога доби „Златен глобус“. Сними повеќе од 100 филмови, а оваа година требаше да глуми во новиот филм на Квентин Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“.

Заштитен знак на Рејнолдс беа мустаќите и каубојските шапки. Публиката се сеќава на него и како на еден од првите актери во Америка што се сликаше гол за списанието „Космополитан“. Пет години едноподруго беше избиран за актер кој најмногу ги полни кино-салите во Америка.

Scroll to Top