Почина актерот Камерон Бојс ѕвездата од филмот „Возрасни“

Американскиот актер Камерон Бојс, ѕвездата од серијата на „Дизни“, „Потомци“ и „Џеси“ од филмот Descendants, почина на 21 годишна возраст, пишува „Мирор“.

Камерон починал во сон, како последица на нападот кој го претрпел поради заболувањето од кое се лечел.

„Светот несомнено остана без еден од најсјајните светла“, изјавил портпаролот на семејството.

„Со тешко срце ве известувам дека во саботата утрото го загубивме Камерон. Камерон почина во сон, од последица на нападите кои ги претрпе поради болеста од која се лечеше. Светот несомнено остана без една од најсјајните светла, но неговиот дух ќе продолжи да живее низ добрината и сочувствата на сите кои го познаваа и сакаа. Срцата ни се скршени и ве молиме за приватност, додека го тажиме по нашиот син и брат“, изјавил портпаролот на семејството.

Засега не е објавено од што Камерон боледуваше. Актерот почна да глуми на девет години во хорор филм. Две години потоа се појави во улогата во филмот „Возрасни“, заедно со актерите Салма Хајек и Адам Сандлер.

Бил и член на ансамблот на серијата „Џеси“, која се емитуваше на телевизискиот канал „Дизни“. Во таа серија соработувал со актерот Деби Рајан.

„Камерон Бојс од мали нозе сонуваше на светот да му го покаже својот уметнички талент. Исто така, со своите хуманитарни ангажмани сакаше да им помогне на луѓето и да направи промени во нивните животи. Изразуваме сочувство до неговото семејство и соработници и се приклучуваме на милионите негови обожаватели кои тагуваат поради неговото прерано заминување“, изјавил портпаролот на „Дизни“.

 

 

 

Scroll to Top