Почина авторката Лусинда Рајли

By

Денес почина ирската авторка Лусинда Рајли, по четиригодишна борба со ракот.

Веста за нејзината смрт ја потврди нејзиното семејство, кое испрати силна порака до сите нејзини читатели.

„До пријателите на Лусинда и читателите низ светот,

Жал ни е што мораме да ви соопштиме дека Лусинда почина мирно утрово, опкружена со нејзиното семејство кое беше толку важно за неа. Сфаќаме дека ова ќе биде ужасен шок за повеќето луѓе кои не беа свесни дека Лусинда се бореше со рак веќе четири години.

За време на тие четири години, Лусинда напиша 5 романи, а оваа седмица „Загубената сестра“ е број 1 роман во целиот свет.

Лусинда ги трогна животите на сите што ги запозна и оние кои ги свртеа страниците на нејзините приказни. Таа зрачеше со љубов и љубезност во сè што правеше и ќе продолжи да нè инспирира сите засекогаш.
Пред сè, Лусинда го сакаше животот и го живееше секој момент во целост.

Со нејзини зборови: „Преку болката и радоста на патувањето, ја научив најважната лекција што може да ја понуди животот, и мило ми е заради тоа. Моментот е сè што имаме“, пренесува издавачката куќа Матица која последователно ги преведуваше и издаваше нејзините книги.

Лусинда до сега има продадено 30 милиони примероци на меѓународно ниво, а нејзините книги беа bestsellers во 25 земји. Нејзините книги се номинирани за бројни награди, вклучувајќи ја и италијанската награда Bancarella, „The Lovely books“ во Германија и наградата „Romantic Novel of the Year“.

Во 2020 година таа ја доби холандската Платинум награда за продажба од над 300.000 примероци од нејзин роман за една година – награда која последна ја освои J.K.Rowling за Хари Потер. Најгорд момент во нејзиниот живот беше кога, по 27 години како објавен автор, во есента 2019 година, „Собата на пеперутките“ беше на врвот на листата на бестселери на Sunday Times.

Ќе ви се допадне

4Anime Watch english anime Online in HD for FREE. Battle Spirits: Sword Eyes (https://4anime.biz/m/gMRk) Episode 29

https://animeheaven.pro animeheaveneu. Memories Off (https://animeheaven.pro/m/O61r) Episode 3

KissAnime Watch english anime Online in HD for FREE. Watch Cautious Hero: The Hero Is Overpowered but Overly Cautious (Dub) Episode 12

KissAnime 360cities: https://www.360cities.net/profile/kissanmiemx