Почина басистот на Зи-Зи-Топ, Дасти Хил

72-годишниот гитарист на Зи-Зи-Топ, Дасти Хил, почина во сон во својот дом во Хјустон, Тексас.

Веста за неговата смрт ја објавија членовите на групата Били Гибонс и Френк Брад на Фејсбук.

Во објавата на Зи-Зи-Топ на нивната страна на 23 јули се наведува дека Хил се вратил дома иако бендот во моментот бил на турнеја. Тој направи кратка пауза поради проблеми со карлицата, што беше опишано како „мало отстапување од патот“.

Хил се вратил дома иако бендот во моментот бил на турнеја. Тој направи кратка пауза поради проблеми со карлицата, што беше опишано како „мало отстапување од патот“.

Били Гибонс и Френк Бард истакнуваат дека на барање на басистот, шоуто требало да продолжи, а неговото место го зазеде Елвуд Франсис – музичар со кого соработувал со години.

Scroll to Top