Почина Берта од „Два и пол мажи“

Американската глумица Кончата Ферел, позната по улогата на Берта во серијата „Два и пол мажи“ почина на 77-годишна возраст. Таа починала во вторникот од компликации предизвикани од срцев удар, пренесуваат американските медиуми.

Ферел доживеала тежок срцев удар уште во јули по што заврши на апарати за дишење. Лекарите уште тогаш велеа дека се борат за нејзиниот живот. Од Берта со емотивна порака се опрости и нејзиниот колега Чарли Шин:

„Посебна душа, врвен професионалец, вистински пријател. Берта, твојата грижа кон домот беше малку сомнителна, ама твојата способност да се грижиш за луѓето беше совршена“, напиша Шин на „Твитер“.

Ферел беше номинирана и за две награди „Еми“ за улогата на Берта, домаќинка во куќата во која живее Чарли заедно со својот брат Ален.

Scroll to Top