Почина братот на познатата актерка Шерон Стоун, пренесуваат светските медиуми. Откако минатата година почина нејзиниот 11-месечен внук Ривер, на 58-годишна возраст ненадејно почина нејзиниот брат Патрик Стоун.
Оваа вест холивудската актерка ја потврди со видео откако нејзината снаа Таша во порака напиша: „Чувствувам дека срцето ми е извадено од градите. Патрик замина да биде со нашата сакана Ривера. Не знам што друго да кажам, тој беше мојот свет“.
11-месечниот Ривер, почина во август 2021 година по откажување на органите.
Шерон Стоун во своите мемоари од 2021 година, опиша непознати детали од нејзината богата и бурна кариера.
View this post on Instagram