Почина британскиот актер Алберт Фини

По кратко боледување денес на 83 годишна возраст, почина британскиот актер Алберт Фини. Тажната вест ја соопштиле членовите на неговото семејство.

Фини се има прославено во филмовите „Том Џонс“, „Сабота навечер, недела наутро“, и „Ноќва мора да се умре“. Го глумел ликот на Херкул Поароа во „Убиство во Оријент експрес“ од 1974 година.

Меѓу последните филмови во кои учествувал се и „Борнов ултиматум“ од 2007 година и „Повторно во игра“, од 2004 година. Фини бил пет пати номиниран за Оскар.

Ја одбил титулата за витез, наведувајќи дека системот титула е вечен снобизам.

 

 

Scroll to Top