Почина Денис Томас, коосновач на легендарната соул-фанк група „Кул енд д генг“

На 71 година почина Денис „Ди Ти“ Томас, еден од основачите на соул фанк групата „Кул енд д генг“ (Kool & the Gang), Денис Томас, почина на 71-годишна возраст, пренесуваат странските медиуми.

Во соопштението објавено на „Фејсбук’ од страна на членовите од бендот наведено е дека тој починал во саботата во сон во Њу Џерси.

 

Томас, оригинален член на соул-фанк и ар-ен-би групата, беше саксофонист, флејтист и перкусионист, како и своевиден „водител“ на настапи. А за последен пат со својот бенд свиреше на 4 јули во „Холивуд боул“ во Лос Анџелес.

Лани во септември почина Роланд Бел на 68 годишна возраст, кој исто така беше ко-основач на групата.

„Кул енд д генг“ беа особено популарни во текот на седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век, а нивната музика беше користена во филмските хитови како „Треска во саботата навечер“ и „Петпарачки приказни“. Покрај ова, публиката ги препознава по хитовите „Celebration“, „Jungle Boogie“, „Get Down on It“ итн.

 

Scroll to Top