Џон Весли, познат по улогата на лекарот Хувер во серијата „Принцот од Бел Ер“, почина на 73. годишна возраст. Џон глумеше со многу ѕвезди како што се Дензел Вашингтон и Морган Фриман.
Иако улогата на лекар во хумористичната серија „Принцот од Бел Ер“ му беше најпозната, пред неа тој снимил стотина филмови и серии. Тажната вест ја потврдија неговото семејство.
„Џон беше дар за целиот свет. Неговата љубезност и грациозност се овековечени во работите од театрите, телевизиите и филмовите. Срцето ми е скршено. Изгубив голем пријател денес“, изјавил неговиот менаџер и продуцент Гери Пас.
Глумата не му била прв избор на Весли. Тој беше дел од американската војска и учествуваше во војната во Виетнам.