Почина Дин Стоквел, ѕвездата на серијата „Квантен скок“

Актерот Дин Стоквел, најпознат по улогата во научно-фантастичната серија „Квантен скок“ (Quantum Leap), почина на 85 години. Холивудскиот глумец, кој имаше кариера долга 70 години, починал во неделата рано наутро во својот дом од природна смрт.

Дин глумеше во 97 епизоди од телевизиската серија „Квантен скок“, од 1989 до 1993 година. Таа серија му донесе повеќе номинации за „Еми“, а во 1990 доби „Златен глобус“ за најдобра споредна машка улога.

Тој ја започна својата кариера како дете во 1940-тите години. Беше номиниран и за Оскар за најдобра споредна машка улога во филмот „Омажена за мафијата“ од 1988 година.

Scroll to Top