Почина Ендрју Флечер основачот на култните Депеш Мод

Почина Ендрју Флечер, клавијатурист и основач на британскиот електронски бенд Депеш Мод. Имаше 60 години. Во соопштението објавено од бендот на социјалните мрежи се вели: „Шокирани сме и исполнети со огромна тага поради предвремената смрт на нашиот драг пријател, член на семејството и колега од бендот Енди „Флеч“ Флечер“.

Бендот продолжи велејќи: „Флеч имаше вистинско златно срце и секогаш беше тука кога ви требаше поддршка, разговор, добро смеење или ладно пиво. Нашето срце е со неговото семејство и ве молиме да ги задржите во вашите мисли и да ја почитувате нивната приватност во ова тешко време“.

Scroll to Top