Почина гитаристот на легендарната група АББА

Гитаристот од познатата шведска група АББА, Ласе Веландер, почина на 70 години. Тажната вест ја соопшти семејствот0 кое рече дека починал по кратка боледување од рак.

„Со голема тага сакаме да ве известиме дека почина нашиот сакан Ласе. Неодамна се разболе од рак кој се проширил, а рано дента на Велики петок почина опкружен со најблиските“, рекоа од семејството.

Веландер почнал да свири гитара како дете во неговиот роден град Нора, во Шведска. Во октомври 1974 година им се придружи на АББА и заедно настапуваше со Агнета Фелцки, Бјорн Улвеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад.

Има свирено повеќе од 20 песни за АББА. Откако групата се распадна продолжи да работи со други шведски уметници. Во 1981 година издаде соло албум.

Во 2008 година беше ангажиран да работи на „Мама мија“ саундтракот на филмот со Мерил Стрип и Аманда Сејфрид во главните улоги. Својот последен албум „Simple Ticket“ го издаде во 2006 година.

Scroll to Top