Почина глумецот од Јужна Кореја Ча Ин Ха

Познатиот јужнокорејски глумец Ча Ин Ха починал во вторникот на 27-годишна возраст, пишуваат светските медиуми. Засега причините за неговата смрт се непознати, пренесуваат службите.

Ча беше ѕвездата од филмот Love with flaws и беше член на популарниот бој бенд Support U. Најмногу се прослави во улогата во краткиот филм You, Deep Inside of Me.

Веста за неговата смрт прва ја објави неговата агенција „Фантиго“. Според пишувањата на медиумите, телото го нашле во неговиот дом.

„Жал ни е што мораме да ја објавиме оваа трагична вест. Глумецот Ча нè напушти на 3 декември и тешко ни е да поверуваме“, стои во соопштението на агенцијата.

Семејството и пријателите во соопштение до јавноста замолија за приватност, сè додека полицијата не го истражи целиот случај. Ча има глумено и во Miss Independent Jieun 2, Degree od Love, Work of Love и Are you human too?

Смртта на Ча е уште една во низата на трагични и изненадувачки смртни случаи на млади јужнокорејски ѕвезди во последните седум недели. Минатиот месец починаа поп-ѕвездата Гу Харе и Сули.

Scroll to Top