Канадскиот режисер Жан-Марк Вале, добитник на наградата Еми, почина на 58 години. Веста ја објави неговиот долгогодишен продуцент, Нејтан Рос, кој откри дека Вале починал ненадејно викендов во Квебек Сити.
„Сите кои работеа со него не беа рамнодушни пред неговите талент и визија. Тој се истакнуваше со своите креативност и автентичност“, изјави Рос.
Вале ја почна кариерата како режисер на музички спотови, пред да се префрли во филмската индустрија. Неговиот филм „Младата Викторија“ доби три номинации за оскар, а најпознаот дело му е „Бизнис клуб Далас“, биографска приказна за активистот Род Вудруф, кој продавал експериментални лекови на заболени од сида во Тексас. Филмот доби шест номинации за оскар, вклучувајќи за и таа за најдобар филм, а Метју Меконахи и Џаред Лето освоија оскар за главна и споредна улога.
Вале режираше и неколку серии на Ејч-би-о, вклучувајќи ги „Големи мали лаги“ и „Остри предмети“.