Глумецот и комичар Гилберт Готфрид почина на 67 години по долго боледување. Веста ја потврди неговото семејство, но не открија од која болест боледувал.
„Со скршено срце објавуваме дека нашиот сакан Гилберт Готфрид почина по долго боледување. Покрај тоа што беше најпознатиот глас во комедијата, Гилберт беше и прекрасен сопруг, брат, пријател и татко на две мали деца. Иако денес е тажен ден за сите нас, ве замолуваме, продолжете да се смеете што е можно погласно во чест на Гилберт“, напишаа од семејството на Твитер.
Готфрид беше најпознат по неговите настапи на „Саботното вечерно шоу во живо“ и што го позајми својот глас во анимираниот филм „Аладин“ на „Дизни“.