Почина Леандро, внукот на Роберт де Ниро

Почина Леонардо де Ниро Родригез,  внукот на познатиот холивудски глумец Роберт Де Ниро. Леонардо беше син на ќерката на Де Ниро, Дрена, која ја објави тажната вест на „Инстаграм“.

„Мојот прекрасен сладок ангел. Те сакав без зборови или опис од моментот кога те почувствував во мојот стомак. Ти беше мојата радост моето срце и сè што беше чисто и реално во мојот живот. Посакувам да бев со тебе во моментов. Не знам како да живеам без тебе, но ќе се обидам да продолжам и да ја ширам љубовта и светлината што ме натера да се чувствувам кога станав твоја мајка. Беше многу сакан и ценет и ја посакувам таа љубов да можеше да те спаси. Многу ми е жал мое бебе. Почивај во мир и вечен рај, мило мое“, напиша Дрена.

Сочувство изразија најблиските пријатели и колеги, а меѓу нив беше и актерката Лана Парила која рече дека многу ѝ е жал и дека и испраќа љубов молитва и сила за господ биде со неа.

„Дрена да те чува господ во неговите раце“, порача продуцентот Ли Даниелс..

„Шокирана сум. Жал ми е Сите сме тука за тебе“, рече Рози Перез.

За потсетување, Леандро беше актер исто како неговата мајка и дедо пред него. Се појави во 2018 година со Дрена во A Star is Born, а го играше и синот на Џорџ „Нудлс“ Стоун од Дејв Шапел. Глумеше и во „Колекцијата“ од 2005 година и „Кабаре Максим“ од 2018 година.

 

Scroll to Top