Почина легендарниот рокер Том Пети

By
Том Пети, пејачот на хитовите Free Falling и Learning To Fly, почина на 66-годишна возраст. Легендарниот рокер почина како последица на срцев удар. Пети бил пронајден без свест во својата куќа во Малибу, по што бил пренесен во болница, каде што починал. Том Пети е еден од најголемите рок-музичари на сите времиња. Светска слава достигнал во 70-тите години. Снимил 3 соло албуми и тринаесет со својот бенд Тom Petty and the Heartbreakers. Има продадено 80 милиони албуми, а неговите најголеми хитови се Free Falling, Learning To Fly, I Won’t Back Down, Listen To Her Heart…Во 2002 година е примен во Куќата на славните.

 

Ќе ви се допадне