Почина Лиса Шеридан ѕвездата на ЦСИ

Американската глумица Лиса Шеридан  е најдена мртва во станот во Њу Орлеанс, објави Дејли Меил. Веста за нејзината смрт ја потврди и нејзиниот менаџер Мич Келм.

„Сите ја сакавме Лиса. Скршени сме од тага. Ова е голема загуба. Таа почина  во понеделникот наутро, дома во својот стан.  Чекаме извештај за причините за смртта“, изјави нејзиниот менаџер.

Лиса Шеридан имаше 44 години, а освен во популарните серии ЦСИ, „Менталист“ и „Инвазија“ глумаше во десетина филмови.

Од неа на Инстаграм се прости и режисерот Мајкл Данвеј.

“Мојата сродна душа последниве неколку години доживеа тешки мигови, а сега ме теши сознанието дека болката, тагата и борбата конечно се позади неа. Беше убава и талентирана глумица и одлична  пријателка“, напиша познатиот режисер кој ја запознал Лиса уше кога имала 14 години.

Scroll to Top