Луис Андерсон, актер, комичар, писател и водител кој освои три Еми награди, починал во петокот во Лас Вегас од компликации поврзани со рак. Андерсон имал 68. години, а веста за Си-Ен-Ен ја потврди неговиот публицист Глен Шварц.
Неговата кариера траеше 30. години, а многумина го сметаа за еден од најдобрите светски комичари.
Comedy Central го рангираше меѓу 100-те најдобри стенд-ап комичари на сите времиња.
Тој се претстави пред пошироката публика во 1999. година со учество во играта Family Feud.
Тој исто така глумеше во серијата Baskets создадена од Луис Ц.К.
Лани го привлече вниманието со изјавата дека изгубил повеќе од 15. килограми за време на пандемијата.