Глумецот Макс Џулиен познат по неговата улога во филмот The Mack почина на 88 годишна возраст. Тажната вест ја објави неговиот портпарол, а засега причините за смртта се непознати. Џулиен починал во својот дом во Лос Анџелес за време на новогодишната ноќ.
Од глумецот се прости неговото семејство и голем број пријатели, меѓу кои и филмскиот продуцент и автор на стрипови Дејвид Ф. Вокер.
„Се запознавме во 1996 година. Беше извонреден човек и имавме голем број интересни разговори. Беше брилијантен, смешен и харизматичен“, рече Дејвид.
За потсетување, Макс во филмот The Mack од 1973 година го играше Голди, амбициозен макро во Оукленд кој откако ќе излезе од затвор ќе се соочи со корумпирани полицајци и нарко бос.