Почина милијардерката Џоселин Вилденштајн. Таа имаше 84 години.
Веста во средата за францускиот магазин Paris Match ја потврди нејзиниот партнер Лојд Клајн. Џоселин Вилденштајн почина од белодробна емболија во Париз.
„Нејзиниот партнер Лојд Клајн со тага ја објави смртта на Џоселин Вилденштајн во Париз“, напишаа тие.
Џоселин претходно беше во брак со трговецот со уметнички дела Алек Н. Вилденштајн. Тие се разведоа во 1999 година, но не во пријателски односи.
Таа беше позната по својот екстравагантен начин на живот. Еднаш пресметала дека нејзината годишна телефонска сметка е 60.000 долари, а трошоците за храна и вино 547.000 долари.
Вилденштајн по разводот од сопругот добила 2,5 милијарди долари, но се вели дека оваа сума е дури 3,8 милијарди, а за следните 13 години добивала 100 милиони долари годишно. По разводот, Вилденштајн ја продаде куќата во која живееше со нејзиниот поранешен сопруг во Њујорк на претприемачката Џана Булок за 13 милиони долари.