Почина модниот креатор Емануел Унгаро

Францускиот моден креатор Емануел Унгаро почина во Париз, во 86-та година од животот, соопшти неговото семејство.

Унгаро, еден од најпродуктивните креатори, е роден во Франција, но по потекло е од Италија. Тој својата позната модна марка ја основа во 1965 година. Занаетот го наследил од својот татко, кој му ја подарил првата машина за шиење. На 22 години почнал да работи за Кристијан Баленсијага.

Во 1988 се оженил со Лаура Бернабеи, со која ја доби ќерката Косима.

Погребот ќе биде денес во Париз.

Scroll to Top