Почина музичарката која ја смисли песната за „Пријатели“

На 72. годишна возраст почина Али Вилис, жената која ја смисли песната за хумористичната серија „Пријатели“, „Јас ќе бидам тука за тебе“ која ја испеа бендот Rembrandts.

Вестата за нејзината смрт ја објави на „Инстаграм“ нејзината долгогодишна партнерка Пруденц Фентон. Вилис починала како последица на срцев удар во нејзиниот дом во Лос Анџелес.

Вилис за песната на „Пријатели“ беше номинирана за наградата „Еми“, а „Греми“ награда доби за музиката во филмовите „Полицаецот од Беверли хилс“ и „Бојата на пурпурот“.

Вилис учествувала во „Куќата на славните текстописци“ влегла во 2018 година.

 

Scroll to Top