Почина новозеландскиот актер Пит Смит, кој глумеше во „Господар на прстените“

Во саботата на 63 годишна возраст почина новозеландската филмска ѕвезда Пит Смит, соопштија локалните извештаи.

Тој долги години се бореше со бубрежна болест и деменција, изјави неговото семејство.

Неговиот син за „Stuff“ изјави дека Смит болен долго време и дека неговото семејство е среќно што тој не мора повеќе да страда. Според него, ова е она слатко-горко чувство бидејќи иако се тажни поради неговата смрт, сепак чувствуваат и олеснување што не страда повеќе.

„Последниве седум години беше на дијализа. Во последните две години му беше дијагностицирана и деменција. Почнавме да правиме дијализа дома, но тој во последните неколку недели претрпе инфекција со која се бореше последните четири недели“, велат од семејството.

Актерот беше најпознат по својата улога во филмот „Господарот на прстените – Враќањето на кралот“ од 2003 година. А покрај тоа, глумеше и во филмовите „We Were Warriors“ и „Piano“.

Тој беше татко на шест деца.

Scroll to Top