Ирската пејачка Шинејд О’Конор почина денес на 56-години, пренесе „Дејли мејл“. О’Конор стана славна во деведесетите години, а за време на кариерата објави 10 студиски албуми.
Песната „Nothing Compares 2 U“ на Принс беше прогласена за светски сингл број еден на Билборд музичките награди. Во 1991 година ја доби наградата „Греми“ за нејзиниот албум I Do Not Want What I Haven’t Got. Го промени името во Шухада Садакат во 2018 година, откако одлучи да мине во ислам.
Секогаш беше отворена за проблемите со менталното здравје, а на почетокот на месецов на „Фејсбук“ напиша дека се вратила во Лондон по пауза од 23 години и оти планира да го заврши нејзиниот нов албум и да го промовира на светска турнеја во наредните три години.
За потсетување нејзината смрт се случи 18 месеци по смртта на нејзиниот 17-годишен син Шејн.
Шејн почина минатата година, неколку дена откако беше пријавен за исчезнат, а Шинејд рече дека одлучил да ја прекине својата земна борба и побара никој да не го следи неговиот пример.