Почина пејачот Кајл Павоне

Почина Кајл Павоне пејачот на рок бендот „We Came as Romans“. Имаше 28 години. „Трагичното заминување на Кајл дојде прерано. Сите сме тажни поради загубата.Ќе ни недостасува неговата насмевка, искреноста, неговата грижа за другите и импресивниот музички талент“ напишале колегите од групата.

Кајл објавил пет студиски албуми вклучувајќи го и последниот албум „Cold Like War“, објавен минатата година.

Американските медиуми претходно објавија дека Кајл е примен во болница во Мичиген на 19 август, но засега не е позната причината за смртта на младиот пејач.

Scroll to Top