Почина првата Бонд девојка

Британската актерката и првата Бонд девојка, Јунис Гејсон, почина на 91-годишна возраст. Јунис е родена во Англија во 1928 година

Тажната вест беше соопштена на официјалниот профил на Гејсон.

„Многу сме тажни што ви соопштуваме дека нашата драга Јунис почина . Таа беше прекрасна дама која остави впечаток на секого со кој се сретна. Многу ќе ни недостига“, пишуваше на профилот.

Гејсон во 1962 година ја играше улогата на Силвија Тренч во првиот филм за британскиот таен агент Џејмс Бонд – „Доктрон Но“.

„Би-Би-Си“ во веста за смртта на првата Бонд девојка, наведува дека таа му помогнала на Шон Конери кој ја играше улогата на агентот 007,  да ја изговори воведната реченица „Бонд, Џејмс Бонд“, која што стана легендарна реплика.

Scroll to Top