Почина Ракел Велч, најголемиот секс-симбол од 60-тите

Холивудската глумица Ракел Велч почина на 82 години. Глумицата почина по кратко боледување, а семејството за сега не ја соопшти причината за смртта.

Велч важеше за најголемиот секс-симбол во 1960тите години.

Најпозната е по улогите во филмовите „Фантастично патување“ и „Милион години пред нашата ера“, двата снимени 1966 година.

Ја освои наградата Златен глобус за улогата во филмот „Тројцата мускетари“, но и многу други награди во текот на својата долга кариера.

Велч се најде на листата „100 најсекси ѕвезди во филмската историја“ што ја направи магазинот „Есквајар“ во 1995 година, а беше на трето место и на листата на „Плејбој“ за 100 најсекси ѕвезди во 20. век.

Глумицата беше мажена четири пати, со Џејмс Велч, Патрик Кертис, Андре Вајнфелд и Ричард Палмер. Има две деца, Тани и Дејмон Велч.

Scroll to Top