Почина Шарл Азнавур, францускиот шансониер

На 94-годишна возраст почина легендарниот француски пејач, композитор и актер Шарл Азнавур.

Неговата кариера траеше повеќе од осум децении, а уметникот со ерменско потекло, кого го нарекуваа францускиот Френк Синатра, во богатата кариера беше препознатлив по шансоните.

Неговиот талент беше ценет и надвор од границите на Франција. Познатиот француски пејач почина во својот дом во Алпије, објавија француските медиуми.

Според информациите што ги објавија светките медиуми, Азнавур починал само што се вратил од турнејата во својот дом во Јапонија. Азнавур летово беше принуден да откаже неколку концерти бидејќи си ја скрши раката.

 

Scroll to Top