Почина шпанскиот пејач Карлос Марин од групата „Ил диво“

Шпанскиот пејач Карлос Марин, член на групата „Ил диво“, почина на 53 години во Кралската болница во Манчестер.

Бендот бил на британска турнеја, кога на Марин му се слошило, па бил пренесен во болница. Таму го ставиле на медицинска индуктивна кома, пишува „Дејли меил“.

Смртта на славниот пејач ја потврдија останатите тројца членови на групата, Давид, Себастијан и Урс.

„Со скршено срце ве известуваме дека нашиот пријател и партнер Карлос Марин почина. Ќе недостасува на своите пријатели, семејството и фановите. Никогаш нема да постои таков глас или дух каков што имаше Карлос“, напишаа на фејсбук.

Марин беше дел од „Ил диво“ од нејзиното формирање во 2003 година. Познати се како пионери на оперскиот поп и имаат продадено повеќе од 30 милиони албуми ширум светот.

Scroll to Top