Почина таткото на Џејмс Бонд

Почина Тим Крег, таткото на британскиот глумец Даниел Крег, познат по улогата на Џејмс Бонд. Тим ја изгубил битката со ракот на црниот дроб по што починал на 77-годишна возраст.

Британските медиуми пренесуваат дека смртта на Тим силно го погодила Даниел. Филмот за Џејмс Бонд, „Живеј и дозволи да умреш“, Даниел вели дека му бил првиот што го гледал во животот во 1973 година, а друштво му правел токму татко му Тим.

Тим во едно од интервјуата рекол дека му е драго што неговиот син го остварил својот сон и станал глумец. Даниел и Тим биле многу блиски.

Двајцата имале однос каков што имаат најдобрите пријатели. Тим бил претприемач, а со сопругата Кристи живееле во близина на Оствестрија.

Често знаел да дојде на премиерите на Даниел и се гордеел со неговите глумачки остварувања.

„Даниел не зборува за мене и јас не зборувам многу за него, но, се разбира, многу се гордеам на мојот син. Тој е многу добар глумец“, изјавил Тим пред неколку години.

Портапролката на Даниел Крег, Лора Симонс, потврдила дека глумецот и неговото семејство нема да даваат изјави поврзани со смртта на татко му.

 

Scroll to Top