Почна снимањето на продолжението на „Мама миа“

Денеска почнува снимањето на продолжението на филмскиот хит од пред една деценија „Мама миа”. Новото продолжение носи  наслов „Мама миа. Еве нè пак“. Сценариото е на Ол Паркер, а режијата  на Филида Лојд. Зад филмот стои „Универзал пикчрс“.

Десет години по првиот филм, мјузикл што заработи над 600 милиони долари ширум светот, публиката ќе се врати на грчкиот остров Калокери, на звуците на нови композиции засновани на песните на некогашната легендарна група АБА.

Оскаровката Мерил Стрип ќе ја повтори улогата на Дона, како и повеќето од актерската екипа од првиот дел. Ново лице во тимот е Лили Џејмс, која ќе го толкува ликот на Дона во младите години. Премиерата е закажана за 19 јули следната година.

Scroll to Top