Почна судењето на кое Џони Деп бара од бившата 50 милиони долари за клевета

Денес почна судењето во кое холивудскиот глумец ја тужи Амбер Херд, за клевета. Тој бара од бившата отштета од 50 милиони долари, заради тоа што клеветела во писмото објавено во „Вашингтон пост“ во 2018 година дека ја претепал.

Поради клветата Џони Деп остана без неколку филмски улоги. Тој покрена тужба уште пред три години со цел да докаже дека не бил насилен кон Херд. Судењето почна денес во Вирџинија. Амбер Херд денес напиша на „Инстаграм“ дека во наредните неколку недели ќе биде отсутна.

Таа објасни дека нема да може да објавува на интернет затоа што ќе мора да се соочи со нејзиниот поранешен сопруг.

„Тој ме тужеше за писмото кое го напишав за „Вашингтон пост“ во кое се потсетив на искуствата на семејно насилство. Не го именував него, туку само напишав за цената која жените ја плаќаат говорејќи за моќта на мажите. Јас продолжувам да ја плаќам таа цена, но се надевам дека овој слуај ќе заврши и дека ќе можам да продолжам понатаму, како и Џони Деп“, рече Амбер.

Таа дополни дека отсекогаш го сакала Деп и дека ја боли што мора да преживува низ овие драми.

„Сега можам да кажам дека ја препознавам поддршката која ја добивав низ сите овие години. Ќе се ослонам на неа во наредните недели, повеќе од кога било претходно“, рече Херд.

На судењето во Вирџинија, за кое американските медиуми пишуваат дека ќе биде емитувано и во живо, треба да се појават и глумецот Џејмс Франко и Илон Маск, со кого Амбер беше во врска, а за која Деп рече дкеа почнала уште додека тие биле во брак.

За потсетување, во ноемеври 2020 година, Џони Деп го изгуби спорот против британскиот таблоид „Сан“, кој во 2018 година објави текст во кој глумецот го нарече насилник.

 

Scroll to Top