И покрај забраните за влез во Кина, се одржа ревијата на „Викторија сикрет“

By

Во Шангај, Кина, по многуте контроверзии и низата проблеми што одделни модели ги имаа бидејќи не можеа да добијат виза, беше одржана најочекуваната ревија на долна облека на  „Викторија сикрет“. Ова е 22. по ред модно шоу во режија на еден од најголемите производители на долна облека.

dobivaj vesti na viber

Организаторите дале сѐ од себе ревијата да помине без ниедна грешка и покрај првичните проблеми.

Без оглед на тоа што на некои ѕвезди, како Кејт Григориева, Ирина Шарипова и Џиџи Хадид, им беше забранет влезот во оваа земја, другите супермодели прошетаа по пистата.

На ревијата учествуваа 55 модели, повеќе и помалку познати, а овој пат се вратија и Кендис Свинпул и Карли Клос.

Ветеранките Адријана Лима, Алесандра Амбросио, Лили Олдриџ, Кендис Свинпул, Џасмин Тукс, како и младата Џиџи Хадид се само некои од моделите што блеснаа во парчињата на престижната модна куќа за долна облека.

Ревијата беше официјално одржана во понеделникот на 20 ноември во раните попладневни часови по наше време, а ќе биде емитувана на 28 ноември.

Ќе ви се допадне