Пол Макартни и сега бара совет од Џон Ленон за новите песни

Сер Пол Макартни, легендата на „Битлси“, во интервју за „Анкат“ призна дека сè уште во мислите му се обраќа на поранешниот колега Џон Ленон и бара совет од него кога ги пишува новите песни. Макартни изјави дека секогаш кога не знае што да прави, тој ментално комуницира со својот пријател, иако Ленон беше убиен пред 40 години.

„Ленон ми е и денес најдобриот соработник на светот. Некогаш работам на песна, но не ми се допаѓаат стиховите. Ова се случува често. Ме потсетува на моментот кога јас и Џон ќе кажевме ‘Ајде да се напиеме една шолја чај и да пробаме да смислиме што понатаму’. Затоа и сега, кога не знам каде да се фокусирам, разговарам со него во мислите и му барам совет“, рекол 78-годишниот Макартни.

 

Партнерството Ленон – Макартни за пишување текстови сè уште се смета за едно од најуспешните во историјата. Двајцата заедно го претворија „Битлси“ во најпродаваниот бенд на сите времиња, со 11 албуми издадени во седум години од 1963 до 1970 година.

Scroll to Top