Пол Вокер постухмно ќе добие ѕвезда на Булеварот на славните

Холивудската ѕвезда на филмот „Брзи и бесни“, Пол Вокер ќе добие ѕвезда на булеварот на славните во Холивуд. Вокер загина во сообраќајна несреќа во 2013 година, и тој е третата ѕвезда која што постхумно ќе добие своја ѕвезда на славаниот булевар, по актерката Хуанита Мур и пејачката Џени Ривера.

„Одборот внимателно ги избра овие талентирани личности и едвај чекаме да им оддадеме почит кога ќе станат дел од холивудската историја со тоа што ќе добијат ѕвезда на Булеварот на славните“, рече претседателката на одборот за избор на имиња на славните.

Раперот Лудакрис, кој играше со Вокер во „Пеколните улици“, исто така ќе ја добие својата ѕвезда. Двајцата се појавија заедно во четири продолженија на оваа популарна филмска франшиза.

Scroll to Top